-
Создадено: Среда, 06 Март 2019
Ве покануваме да учествувате во Четвртата меѓународна научна конференција „ФИЛКО“: филологија, култура и образование што ќе се одржи на 23-25 маj 2019 година на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет (Русија)
Организатори на конференцијата:
- Филолошки факултет при Воронешкиот државен универзитет (Воронеж, Русија)
- Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ (Штип, Македонија)
Меѓународната научна конференција „ФИЛКО“, посветена на актуелните проблеми во филологијата, културата и образованието, има за цел да ги обедини на едно место професионалците од овие области (професори, докторанди, магистранти).
За учество во конференцијата се покануваат научници, наставници во основно и средно образование, вработени во библиотеки, докторанди и магистранти.
На Конференцијата ќе бидат дискутирани следниве теми:
1. Филологија
– Современи лингвистички истражувања: контрастивни проучувања на јазиците, интеркултурна комуникација, јазична политика, преведувачки предизвици
– Словенските јазици во современиот свет
– Словенските литератури во европската и светската книжевна констелација
– Современата светска литература: најважни трендови
2. Култура
– Нови тенденции и пристапи во теоријата на културата
– Културата и прашањата на етничкиот идентитет
– Меѓународни културни врски во време на социо-политички промени
– Македонија и Русија: културни паралели
– Одразот на современото општество во културата (музика, филм, сликарство, литература, филозофија)
– Етнолошкото и археолошкото наследство во Македонија, Русија и на Балканот
3. Образование
– Современите образовни процеси во Македонија, Русија и Европа
– Методи во наставата по јазик и литература: усвојување втор јазик;
образование на наставниците по мајчин и странски јазик; развивање програми за учење мајчин и странски јазик
– Учење на далечина
– Образование и практика
– Прашања на повишување на стручната квалификација
Работни јазици на конференцијата:
– македонски, руски и англиски јазик
Форми на учество на конференцијата:
– редовно: реферат, дискусија;
– вонредно: статија, постер сесија, оnline
Пријавата, апстрактите и статиите се испраќаат на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Котизацијата од 35 USD е задолжителна за сите учесници на конференцијата
Време за излагање и дискусија – 15 минути.
Статиите ќе бидат објавени во електронски зборник по одржувањето на конференцијата.
Редовните учесници на конференцијата сами ги сносат трошоците за пат и престој.
Рок за поднесување на пријавата и апстрактите – до 20 април 2019 година Известување за прифаќање на апстрактите – до 25 април 2019 година
Краен рок за поднесување на статиите - до 1 јуни 2019 година
Контакти:
Марица Тасевска
Филолошки факултет, УГД
+389 (0) 32 550 117
Ирина Аржанова
Филолошки факултет, ВГУ
+ 7 (951) 853 90 26
E-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Пријавата за учество можете да ја најдете на следниов линк: