Групата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет, во соработка со наставниците од Филолошкиот факултет, наставниците од Институтот за јазици при Филолошкиот факултет и Турското катче на Институтот „Јунус Емре“ - Штип во Универзитетската библиотека на Филолошкиот факултет при УГД организираа прослава за Денот на жената.

Прославата ја отвори деканката на Филолошкиот факултет при УГД, д-р Драгана Кузмановска, а со пригоден поздравен говор се обратија раководителката на Институтот за јазици на Филолошкиот факултет при УГД, м-р Снежана Кирова и директорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ - Скопје, Серхат Кула, а ја затвори раководителот на Групата за турски јазик и книжевност, д-р Махмут Челик.

Студентите од прва, втора, трета и четврта година од Групата за турски јазик и книжевност презентираа турски автори кои напишале прекрасна поезија за жената, а студентите од Турција кои студираат на УГД под раководство на нивниот наставник Станка Арсовска прочитаа македонска поезија посветена на жената. Програмата со музика ја збогати студентот Џанер Арслан, кој испеа песни за жената во придружба на инструментот саз. Поетесите м-р Наташа Сарафова од Групата за македонски јазик и книжевност и м-р Рабиа Рушид од Турското катче на Институтот „Јунус Емре“ прочитаа свои песни посветени на жената. По уметничкиот дел на програмата д-р Марија Леонтиќ организира интерактивен дел во кој студентите и гостите на турски и на македонски јазик напишаа свои мисли посветени на жената, како подарок за сите жени по повод Меѓународниот ден на жената, кои се прочитаа на крајот од програмата.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.