-
Создадено: Среда, 03 Април 2019
Студентите од Kатедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет во Штип се вклучија во одбележувањето на светскиот ден на литературата за деца.
Конкретно, по повод светскиот ден на литературата за деца, НУУБ „Гоце Делчев" и ЈОУДГ „Вера Циривири-Трена" организираа читање на бајки од Андерсен пред дечињата од голема група.
Интерпретативното читање беше проследено со интерактивно раскажување и креативна работилница.
Во активноста се вклучија студентките: Наташа Ѓорѓиевска, Ана Рувиноска, Верица Милорадова, Милена Тасева и Ана Патриклиева.