-
Создадено: Среда, 03 Април 2019
Трибина на тема „Филолозите и јазичната редакција“се одржа на Филолошкиот факултет - УГД-Штип.
На трибината м-р Марија Иванова, лектор по македонски јазик, на сите филолози - студенти присутни на истата, им ја укажа важноста на македонскиот јазик за запазување на јазичниот и националниот идентитет, важноста на Методиката на наставата по македонски јазик и литература, како и неопходноста од познавањето на Правописот на македонскиот јазик како почетно скалило за секој иден филолог. Низ практични вежби, ги запозна студентите со коректурните знаци, лектурата, коректурата и јазичната редакција, неопходни за секој иден лектор и лингвист.