-
Создадено: Петок, 12 Април 2019
Студентите на Филолошкиот факултет при УГД имаа можност да проследат уште едно предавање од серијалот посветен на невербалната комуникација во воспитно-образовниот процес. Овој пат, конкретниот аспект на предавањето беше „Говорот на телото во наставата“.
Пред полн амфитеатар на Филолошкиот факултет, Кампус 4, доц. д-р Ана Витанова-Рингачева пред студентите и колегите професори ги презентираше формите на невербалната комуникација како суштинска алка во наставата. Предавањето предизвика големо внимание и интерес, не само кај студентите, туку и кај наставничкиот кадар. Истото предавање ќе се одржи и пред студентите во Наставниот центар во Струмица на 12 април 2019 г. (петок).