-
Создадено: Четврток, 25 Април 2019
Марија Велинова од Гимназијата „Славчо Стојменски“ - Штип е добитник на првата награда на Конкурсот во категоријата творби на македонски јазик и Анастасија Младеновска од Гимназијата „Гоце Делчев“ - Куманово е добитник на првата награда во категоријата творби на странски јазик.
Во преполната сала на Мултимедијалниот центар на УГД денес Филолошкиот факултет свечено ги додели наградите од Конкурсот за најдобра творба во поезија и проза. Конкурост се однесуваше на средношколци од целата држава.
Второто односно третото место во категоријата творби на македонски јазик им припадна на Лилјана Ристова од Гимназијата „Јане Сандански“ - Струмица и Теодора Спасовска од Гимназијата „Гоце Делчев“ - Куманово.
Во категоријата творби на странски јазици, втората и третата награда ја добија Тамара Алексова од Гимназијата „Славчо Стојменски“ - Штип и Пале Ѓорѓиева од Гимназијата „Кочо Рацин“ - Велес.
- Овој Конкурс го објавивме ние како филолози, како љубители на убавиот збор и книжевноста. Денес сме овде да ги промовираме наградените, талентирани средношколци, односно нашите идни студенти. Оваа програма ја збогативме со многу настани, како поезија, проза, мјузикл, глума и др. - изјави деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Драгана Кузмановска.
Средношколците кои беа добитници на наградите им се заблагодарија на менторите и на организаторите на овој настан. Како гости на настанот беа писателот Киро Донев и лекарот проф. д-р Методи Чепреганов.