-
Создадено: Понеделник, 06 Мај 2019
Преку предавање на тема „Филолозите и јазичната редакција“ Филолошкиот факултет се претстави пред средношколците во Кочани.
Предавањето го одржа Марија Иванова, а целта на предавањето беше откривање на лекторските тајни за правилно изразување на македонски јазик кое ги инспирира учениците да размислат за филологијата како идна нивна професија. Истакнувајќи го значењето на мајчиниот јазик како појдовна точка за изучување на странските јазици, англиски, германски, италијански, турски, француски беа промовирани и студиските групи во Штип и во Струмица.