-
Создадено: Вторник, 14 Мај 2019
Студентите и професорите од Филолошкиот факултет при УГД - Штип го посетија Саемот на книгата во Скопје.
Покрај посетата на штандовите и запознавањето со новите и актуелни наслови, тие присуствуваа и на промоцијата на трите сликовници: „Чудниот сон на врапчето“, „Волшебната капа“ и „Детето со ѕвезда на челото“, како дел од едицијата „Од македонското народно творештво“ во издание на издавачката куќа „Просветно дело“, а приредени од доц. д-р Ана Витанова-Рингачева, професор на Филолошкиот факултет при УГД - Штип.
Афирмацијата на книгата, како и вложувањето во интелектуалната надградба на нашите студенти, се врвни приоритети на нашиот факултет.