-
Создадено: Вторник, 14 Мај 2019
Филолошкиот факултет при УГД – Штип, во рамките на претставување пред средношколците – потенцијални идни студенти на УГД, организираше предавање на интересна тема пред струмичките средношколци.
Во рамките на ова претставување, како и едукација на матурантите како идни академски граѓани, предавањето пред матурантите од СОУ „Никола Карев“ во Струмица беше на тема „Невербалната комуникација во воспитно-образовниот процес“. Идејата е да се биде поблиску до идните студенти, преку интересни едукативни предавања на теми кои се секогаш актуелни и интересни за нив. Учениците од четврта година беа запознати со основните форми на невербалната комуникација и начинот на кој таа се манифестира.
Предавањето го одржа доц. д-р Ана Витанова-Рингачева од Филолошкиот факултет при УГД - Штип.