-
Создадено: Петок, 17 Мај 2019
Студентите и професорите од Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип денес (16.5.2019 г.) имаа можност да присуствуваат на предавањето на д-р Елена Јованова-Грујовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Овој настан е дел од чествувањето на 5 мај - Денот на македонскиот јазик, настан кој помага во безусловната грижа за македонскиот јазик и за неговата афирмација, што е една од најсуштествените пораки на Конески.
Предавањето се одржа во амфитеатарот на Кампус 4.
Д-р Грујовска во своето излагање наведуваше мноштво примери од колоквијалната, разговорната лексика на студентите родени говорители на македонскиот јазик, потсетувајќи нѐ на архаизмите, но и споменувајќи за неологизмите присутни во секојдневното говорење и општење од страна на студентите.