-
Создадено: Среда, 22 Мај 2019
Студентите на Филолошкиот факултет при УГД - Штип на 21.5.2019 г. имаа можност одблизу да се запознаат со преведувачката струка преку работилницата „Книжевниот наспрема стручниот превод - предизвици на секој преведувач".
Членовите на ЗПРМ им одржаа кратко воведно предавање на студентите преведувачи и толкувачи од нашиот факултет на кое беа презентирани предизвиците со кои тие се соочуваат во својата преведувачка професија и споделија корисни совети преку бројни примери. Работилницата се одвиваше во неколку групи: англисти, германисти и турколози, кои беа предводени од стручни преведувачи членови на ЗПРМ под менторство на проф. д-р Огнена Никуљски, претседател на Здружението.
Студентите се задоволни од работилницата, но заминаа со дилеми за изборот на нивната идна професија - наставник или пак преведувач и толкувач, книжевен или пак судски преведувач?! Можеби и двете професии, со оглед на малиот пазар на труд што го има нашата мала држава, како што впрочем истакна проф. Огнена Никуљски.
Дилемата останува исто како и предизвиците, затоа драги средношколци придружете ни се на Филолошкиот факултет при УГД - Штип за заедно да одлучиме.