На 4. Меѓународна научна конференција „ФИЛКО - филологија, култура и образование“ што се одржа од 23 до 25 мај во Воронеж (Русија), во организација на Филолошкиот факултет при Воронешкиот државен универзитет и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, претставниците на делегацијата на нашиот факултет (доц. д-р Весна Коцева, м-р Марица Тасевска и Костадин Голаков) добија книги и речници посветени на македонскиот јазик и местото на лексиката на македонскиот јазик во европското јазично семејство од страна на еден од авторите на речниците и книгите проф. д-р Алексеј Кретов, шеф на Катедрата за теориска и применета лингвистика на Факултетот за германо-романска филологија при ВГУ.

На тој начин, нашата библиотека е збогатена со Речник на македонските синоними со руски толкувања, Единството на Европа според лексичките податоци, Македонски речник на хомоними со руски толкувања и Нов македонски речник на хомоними со руски толкувања.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.