Со цел да се документира и забележи усното творештво од постарите раскажувачи, Филолошкиот факултет при УГД – Штип и НУУБ „Гоце Делчев" – Штип започнаа со реализација на проектот „Дедо Стојан раскажува".

Во првата фаза од проектот се собраа на едно место ученици - основци и наши студенти – македонисти во дворот на 80-годишниот дедо Стојан од штипската населба Три Чешми. Дел од приказните што низ годините во глава му се собирале на дедо Стојан, тој им ги пренесе на присутните ученици и студенти. Тие во улога на собирачи на народното творештво, тој во улога на раскажувач чија мисла течеше без престан и со низа мудрости.

Учениците ги слушаа приказните, а студентите имаа задача да ги снимаат и запишат и на тој начин да ги сочуваат од заборав.

Приказната за проектот започна со идеја иницирана при изучувањето на средновековните романи и раскази и преку анализирањето на нивните првични верзии и реконструкцијата на истите до ден-денес. Така студентите од прва година на Катедрата за македонски јазик и книжевност, менторирани и организирани од страна на д-р Милена Ристова-Михајловска решија да го надградат серијалот на некогашното усно, па пишано средновековно расказно и романсиерско творештво со она што денес може да се документира и запише од терен. Идеална почва за реализација на таа идеја беа приказните на дедо Стојан.

Со овој проект повторно се активира соработката меѓу Филолошкиот факултет при УГД – Штип и НУУБ „Гоце Делчев" – Штип преку координаторката на активностите во проектот Соња Манева и наставничката Јованка Кокошкарова со нејзините ученици од III-5 одделение од ООУ „Ванчо Прке“ - Штип.

Активноста беше реализирана со логистичка поддршка на раководителката на Катедрата за македонски јазик и литература, проф. д-р Виолета Димова, и деканката на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, проф. д-р Драгана Кузмановска, а со техничка поддршка на Општина Штип.

Оваа активност е само почеток на она што допрва ќе се сработи, на фазите што следуваат, а се предвидени со проектот, со цел да се зачува литературната оставнина што ја чуваат во себе денес живите информатори. На ваков начин нанижавме еден бисер повеќе во ѓерданот на нашата мисија, а како филолози ќе продолжиме да ја негуваме книжевноста во сите нејзини облици, форми и стилски формации.

Технички секретар

Јулијана Денкова
Тел: +389 32 550 150
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

 

Студентски прашања

Штип - Влатко Берковски

Тел: +389 32 550 068

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Виолета Шаклева

Тел: +389 32 550 021

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.