-
Создадено: Петок, 27 Септември 2019
Комитетот на Министри одлучи Европскиот Ден на Јазиците да се празнува на 26 септември секоја година.
Комитетот препорачува Денот да се организира децентрализирано на флексибилен начин во согласност со желбите и ресурсите на земјите-членки. Советот ќе предлага заедничка тема секоја година, а земјите членки сами ќе дефинираат пристап за одбележување на денот. Комитетот на Министри ја повикува Европската Унија да се приклучи на Советот на Европа во оваа иницијатива. Советот се надева дека Денот ќе се одбележува во соработка со сите релевантни партнери.