-
Создадено: Среда, 30 Октомври 2019
Пред членовите на Книжевниот клуб „Кула“ и студентите на Филолошкиот факултет при УГД - Штип на 31 октомври (четврток) свое предавање ќе одржи Иван Котев, познат македонски собирач на народното творештво, фолклорист и истражувач.
Тема на излагањето ќе биде „Фолклорот како чувар на народниот јазик и народниот бит“.
Место: Универзитетска библиотека, Филолошки факултет
Време: 11.00 часот.
Модератор: доц. д-р Ана Витанова-Рингачева