-
Создадено: Среда, 30 Октомври 2019
Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Штип во соработка со Филолошкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово и Австриската амбасада беше домаќин и организираше Работилница насловена „Poetry slam“.
Работилницата ја водеше австриската поетеса Катарина Венти од Виена (Австрија), која има освоено петто место на Европското првенство на работилници од ваков тип во Будимпешта во 2018 година.
На овој настан активно учествуваа студентите од четврта година на Катедрата за германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип и студенти од Државниот универзитет во Тетово. Гостите ги поздрави продеканот за настава доц. д-р Весна Коцева и раководителот на Катедрата за германски јазик проф. д-р Билјана Ивановска.
Настанот побуди интерес за заедничка меѓусебна соработка и интензивирање на досегашните заеднички контакти со другите универзитети и со дипломатските претставништва во Р. Северна Македонија.