-
Создадено: Понеделник, 11 Ноември 2019
Светската недела на италијанскиот јазик беше одбележана и на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Катедрата за италијански јазик и книжевност во знак на одбележување на овој ден организираше предавање од италијанскиот режисер Данило Кремонте.
- Ќе се обидам да зборувам за театарот каде што работам, за интеркултурната театарска работилница наречена „Human Beings” и да го објаснам значењето на насловот на оваа работилница која овие денови слави 25 години од своето постоење. Исто така, ќе се обидам да одговорам и на темата на денешното предавање – „Театарот како прибежиште“ – изјави Данило Кремонте.
Ас. д-р Јована Караникиќ од Катедрата за италијански јазик и книжевност потсети дека Неделата на италијанскиот јазик во светот се одбележува секоја година и во Штип, на УГД:
- Оваа година тоа го правиме со ова предавање, со тоа што сакавме да одговориме и на централната тема на одбележување во целиот свет – Италијанскиот јазик на сцена. Го поканивме Данило Кремонте, режисер од Перуџа, кој е основач на Театарската работилница „Human beings“, затоа што сакавме да покажеме една нова слика на Италија во денешно време, каде што живеат и заедно функционираат луѓе од повеќе земји во светот. Кремонте ќе ни покаже како успева на креативен начин да ги сплоти тие луѓе и да го објасни преку неговата театарска работилница и преку претставите што ги прават заедно токму значењето на тоа што значи да се биде човечко суштество без разлика на расата, полот...
Деканката на Филолошкиот факултет при УГД, проф. д-р Драгана Кузмановска, изјави:
- Филолошкиот факултет се придружи кон програмата за одбележување на Неделата на италијанскиот јазик, а режисерот Данило Кремонте со чест ја прифати нашата покана да биде дел од оваа програма и да им се претстави на нашите студенти италијанисти. Оваа програма е придружна на програмата на Италијанската амбасада во РСМ и, секако, имаме поддршка и од амбасадорот Карло Ромео.
Театарот како прибежиште